Влегувањето на Република Северна Македонија во НАТО е голема победа, силна поддршка и исчекор во евроинтеграциите.

Влегувањето на Република Северна Македонија во НАТО е голема победа, силна поддршка и исчекор во евроинтеграциите.

Денеска остварив средба со словенечката делегација предводена од Дејан Жидан, претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, кој изрази силна поддршка за постигнувањата на нашата држава на реформски план, во добрососедските односи и интеграциите во НАТО и ЕУ.

Северна Македонија и Словенија остануваат посветени на унапредување на соработката во економијата, земјоделството, животната средина, културата.