Ја сакаме татковината, ама каква?

Марија Мери Георгиевска
Претседателка на ОО СДСМ Карпош

Ја сакаме татковината, ама каква?

Веројатно како мене така и многу од вас, ве фрустрира тоа што неодамнешната апсолутистичка власт (читај ДПМНЕ) се обидува на секаков начин да го девалвира напредокот на земјава кој е очигледен. Пред време да им реплицирам на оние (коментаторите) кои ќе ме исплукаат, со кратка ретроспектива на настаните од не така одамна поминато време.Многу добро се сеќавам на првите изјави кога дојдоа тогаш на власт,небаре сакаат да го најават воскресението на земјата.Она кое особено ми се врежа во сеќавање е леснотијата со која всушност на сите ни најавија дека нивното владеење ќе се темели врз сеење на омраза, отстранување на личностите кои ако не се со нив нема ни да ги биде,борба против криминалот ама на нивни начин, а најважно од се дека за се што ќе направат ќе мора 24часа,7 дена во неделата,365дена во годината да ни го презентираат на најодвратниот начин што можел било кој ПР да го осмисли.Не ми е познато дека во некоја друга земја постои ваков начин на владеење кој по правило ако е добра опција, граѓаните не треба да го видат на реклама, туку треба да го почувствуваат во своето живеење.
Што е резултатот од нивното 11 годишно владеење?
Економска немоќ на државата, нарушување на хиерархијата на функционирање на системот на сите полиња, нарушување на меѓуетничкиот баланс (доколку него го нема, нема ни држава), искривена слика за патриотизмот,нарушен углед на црквата ( која се вплетка во пајажината на власта и ја изгуби својата автономност полека но сигурно), осакатување на образовниот и здравствен систем, непочитување на основните права на слободно изразување на интелектуалците, поттикнување на граѓанска поделеност по сите основи (национална,партиска), меѓународна деградација (поткрепена со доволен број факти во негативна конотација).Ова е реалноста со која се соочувавме, без разлика дали некој сака или не сака да ја прифати. Веројатно оние кои не мислат како мене, ќе се обидат да се спротистават со (на пр: дека се работело многу, дека тие кога биле на власт било подобро, дека тие биле големите патриоти, а ние другите сме предавници, дека сега се не чини,а тогаш било идеално, итн,итн…).
Но, дали сакаме да се вратиме назад затоа што било многу добро?
Почитувани мои сограѓани, мислам дека навистина сега е времето на промените во нашата земја и дека почнавме да се движиме по правиот пат. Се прашувате дали можело и дали може подобро? Секако, ама со лична и општествена одговорност. Секој од нас мора да се однесува одговорно кон својата земја, кон она што е од значење за заедничкото живеење,затоа што никој нема право да го загрози тоа на национална, партиска или било каква основа. За крај, како поединец очекувам дека ќе знаеме да ја донесеме вистинската одлука и ќе го искористиме нашето право на избор поради себе и поради иднината на нашата татковина.